СВЕТ
Повеќе од 50 лица загинаа во Индија во последните три дена, како последица на топлотниот бран
Повеќе од 50 лица загинаа во Индија во последните три дена, како последица на топлотниот бран

Повеќе од 50 лица загинаа во Индија во последните три дена, како последица на топлотниот бран што зафати неколку региони на оваа земја. Најмалку 33 лица починале во северната држава Утар Прадеш, соопштија тамошните власти.
Меѓу жртвите, според нив, има и лица кои биле ангажирани на општите избори, меѓу кои има функционери и набљудубачи. Во сојузната држава Одиша, пак, животот го загубија најмалку 20 лица. Федералното Министерство за здравство соопшти дека регистрирало најмалку 56 смртни случаи поврзани со топлотниот бран од 1 март до 30 мај.
Во некои области температурите стигнаа и до 50 степени. Некои региони, исто така, имаат голем недостиг на вода и електрична енергија, поради зголемената потрошувачка за време на жештините.