
Најмалку 51 лице се стравува дека загинале по поројните дождови што ги погодија јужните и источните делови на Шпанија, пренесува „Гардијан“.
Шпанија ја погоди силно невреме кое донесе поројни дождови и поплави во неколку региони кои предизвикаа затворање на патиштата и железничките линии.
Претседателот на источниот регион на Валенсија, Карлос Мазон, рече дека се уште е рано да се говори за бројот на загинати.
„Ова се многу тешки часови за роднините и за исчезнатите. Ќе го потврдиме бројот на жртвите во наредните часови, но во моментов е невозможно да се понуди прецизна бројка. Во шок сме“, вели тој.
Координативниот центар за итни случаи на владата на Валенсија соопшти дека неговиот протокол за повеќекратни жртви е активиран.