ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќе од шест часа гореше депонијата во Карпош

Гореше дивата депонија во скопската општина Карпош. Огнот пеплоса стар мебел, гуми, пластични шишиња, шут, кои беа фрлени  на само неколку метри од салата „Борис Трајковски“. Пожарот избувна утрово, а го гаснеа пожарникари со три цистерни. Од општина Карпош тврдат дека дивата депонија ја расчистувале десет пати, а тоа ќе го направат и овој пат. Поради запалената дива депонија утринава половина Карпош беше под чад.

Advertisements

„Децениската депонија ја исчистивме темелно, ја оградивме со жица и со рампа, така што е оневозможено влегување на камиони и други возила. Најверојатно станува збор за индивидуално фрлање и палење на отпад, што треба да утврдат надлежните служби“, велат од Општина Карпош.

И додека земјава не е исчистена од диви депонии, нѝ наидува нова сезона на загаден воздух, односно виско ниво на ПМ10 честичките во воздухот. Повеќе граѓански организации денеска најавија дека до Градот ќе достават низа предлози За справување со аерозагадувањето како што се поставување на мерачи на загадувањето на воздухот кои ќе бидат во градска надлежност, поставување на фотоволтаци за производство на енергија од сонцето , предлози за зголемено користење на велоспедот како транспортно средство.

„Сметам дека на овој град му е неопходна стратегија, јасна, сеопфатна, која ќе бидат обврзани да ја следат сите партии кои ќе дојдат на власт. Немаме време за контрадикторни политики… Ние немаме досега ниедна сеопфатна студија во која неселективно се спровело тоа истражување и каде што објективно се кажало тој е изворот на загадување, бидејќи ние знаеме како функционира клиентализмот во Македонија. Знаеме дека која партија е на власт кои финансиери и партнери ги има во бизнис секоторот, тие се нечепнати во моментот додека таа партија е на власт“, рече Драгана Велковска, советничка во Град Скопје од Левица.

Според Велковска, градот малку пари одвојува за животната средина.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button