ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повеќе тимови работат на расчистување на вчерашниот вооружен инцидент во „Ист Гејт“, вели министерот Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека Секторот за внатрешни работи во Скопје од вчера активно работи на расчистување на вчерашниот инцидент во „Ист Гејт“, кога од страна на вооружен напаѓач тешко се ранети две лица. Како што рече Спасовски, целта е да се открие сторителот на делото, но и мотивите за него.

Advertisements

„Што се однесува до инцидентот, веќе активно се работи, формиран е посебен штаб во СВР Скопје, приклучени се од одделот за криминалистичка полиција, форензика, одделот за организиран криминал и тн,. сѐ со цел да се утврдат фактите и да може да се открие и сторителот и мотивите коишто се во однос на овој настан“, рече Спасовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button