ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Повисоки сметки за струја компаниите ќе добиваат и во следните неколку месеци

Повисоки сметки за струја компаниите ќе добиваат и во следните неколку месеци. Додека не стаса интервентно увезениот јагленот до третиот блок на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј да биде ставен во функција, не е можно стабилизирање на енергетската криза во Македонија. Надлежните не сакаат да даваат било каква претпоставка во однос на цената на електричната енергија за домаќинствата, која ќе треба да се плаќа од први јануари.

„Во ноември треба да се издржи овој ценовен шок, или удар кон стопанството, но ние најбрзо што можеме да влеземе, или да интервенираме во производство на енергија е во текот на декември месец.“

Бизнис заедницата бара да се формира гарантен фонд кој ќе се полни од лиценцираните компании кои тргуваат со струја на слободниот пазар. Во случај да има прекршувања на правилата, оштетената страна да добие пари од тој фонд. Но, за тоа треба да се направат измени во Законот за енергетика.

„Искрено, оваа ситуација со недефинирани или слободни продавачи на електрична енергија по малку ни пречи. Оној што сака да учествува во пазарот на електрична енергија, треба да учествува и во тој гарантен фонд.“

Досега на осум компании им се одземени лиценците поради непочитување на договорот за снабдување со електрична енергија. Штетата која ја предизвикале фирмите кои наплатувале струја поскапа од договорената засега не се знае. Инаку, компаниите веќе добија една сметка за струја повисока за 60 отсто.

Ile Petrevski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button