ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повлечена иницијативата за враќање на помилувањата на Ѓорге Иванов

Врховниот суд соопшти дека иницијативата за враќање во сила на аболициите од 2015 година одобрени од поранешниот претседател Ѓорге Иванов е повлечена од самиот предлагач. Информацијата ја потврди адвокатот во својство на предлагач, Миле Наумовски.

Advertisements

„Врховниот суд беше информиран од адвокатот Миле Наумовски, од кого беше повлечена иницијативата за потврдување на принципиелниот став, кој се однесува на повеќе прашања поврзани со законот и кривичната постапка, вклучувајќи го и прашањето за помилувањата на поранешниот претседател на Северна Македонија, Ѓорге Иванов“, наведуваат од Врховен.

Наумовски во изјава за „360 степени“ појасни дека иницијативата ја повлекол поради измените во Кривичниот законик затоа што воглавно се однесувала на членот 353, односно за злоупотреба на службената положба.

Со сега веќе повлечената иницијатива Наумовски бараше Врховниот суд да ги врати аболициите на Иванов кои се однесуваа на сите осомничени, а потоа голем дел од нив и обвинети од поранешното СЈО.

Дел од медиумите и опозициските партии алармираа дека доколку Врховниот суд донесе позитивна одлука за иницијативата, тогаш аболицираните, меѓу кои и Никола Груевски, ќе бидат спасени од кривично гонење.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button