МАКЕДОНИЈА
Повлечени предлог-измените во Законот за културно наследство

Собранието се повлече од планот да го смени и Законот за културно наследство. Групата пратеници предлагачи го повлекоа предлогот по притисокот на јавноста изминативе дева дена и од Здружението на археолози на Македонија. Се бараше овие измени да не поминуваат затоа што ќе се загрози културното наследство. Измените предвидуваа на трасата по кои ќе минуваат Коридорот 8 и 10-Д, ако се откријат археолошки или други културни наоди, за нив да одлучува надлежниот градежен инженер. Тој би требало да одлучи дали работата на дадениот простор да запре или да продолжи со исто темпо.