
Новиот Закон за заштита на потрошувачите, кој вчера го одобри Собранието, ги обврзува супер-маркетите да ги објавуваат цените онлајн. Но, тоа како мерка е непознато и недостапно за дел од граѓаните бидејќи има и такви кои не знаат како да ја користат оваа алатка. Со направените измени, дел од граѓаните сметаат дека тоа нема да дојде до намалување на цените, а други сметаат дека ќе ја поттикне конкуренцијата меѓу пазарите.
„Во моментов не ги намалуваат, бидејќи се превисоки, прескапи се…“
„Тоа е многу добра форма, бидејќи тогаш е конкуренцијата во прашање, сите ги гледаат цените какви се тие“…
„Не знаеме, тие цени веќе се зголемени, не знам дали ова ќе има некаков ефект“…
„Не ги намалуваат, само лажат, никој не мисли за народ, никогаш“, реагираат граѓаните.
Со стапувањето на сила на новиот закон, трговците ќе имаат обврска секојдневно да ги објавуваат и ажурираат цените на производите на нивните веб-страници. Оние кои нема да ја почитуваат оваа обврска ќе се соочат со казни од 500 до 10.000 евра. Трговците имаат 45 дена да се прилагодат на новите правила.
Алсат