Повреден војник за време на проверка на оружје во касарната „Илинден“
Повреден војник за време на проверка на оружје во касарната „Илинден“

Војник од касарната „Илинден“ вчера бил хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември“ откако бил повреден од негов колега, соопшти МВР.
“Вчера околу 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарна „Илинден“ во Скопје со повреда се здобил Б.Т. (45) од Злетово и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош”, се наведува во денешниот полициски билтен.
Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата.
Од страна на Воена полиција бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот