Поврзување со Тирана, Рама отвори тунел од патот до Дебар
Поврзување со Тирана, Рама отвори тунел од патот до Дебар

Тирана го прекорува Скопје што не продолжува со својот дел од инфраструктурните проекти, додека Скопје ја прекорува Тирана поради истата причина. Владата на Рама денеска го пушти во употреба тунелот Муриз, дел од патот Арбри, од нејзината страна на границата, со што ја заврши изградбата на поврзувањето Тирана-Дебар. И Македонија пред години се обврза да го направи својот дел за поврзување на автопатот Дебар-Гостивар-Скопје. Досега тоа го нема направено.
Запрашан за овој пат, премиерот Мицкоски вели дека и Тирана не го исполнила својот дел од задачата околу железничкото поврзување во рамките на Коридорот 8. Патното поврзување со Албанија во однос на овој Коридор, според премиерот, добро напредува.
Премиерот се жали дека другите земји не си ја вршат работата.
Патот Арбри кој минува низ Дебар предвидува 12 километри двонасочен автопат. Треба да поминува покрај Мавровското езеро и да го поврзе Дебар со патот Гостивар-Кичево./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши