МАКЕДОНИЈА
Повторно долги редици за издавање или подигнување на лични документи во МВР

Чекањето на граѓаните пред шалтерите за лични документи нема крај. Од денеска сите апликанти за пасоши, лични карти и возачки дозволи на формуларите за издавање на овие документи го добија и новото уставно име. Вакво барање денеска достави и премиерот Заев. Граѓаните пак, кои имаат документи со старото име, ќе мора повторно да ги заменат до февруари 2024 година, согласно Договорот од Преспа.