Повторно хаос со јавниот превоз во Скопје, но Арсовска демантира

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и понатаму ги избегнува медиумите за да појасни кога целосно ќе се реши проблемот со јавниот превоз. Арсосвка вели дека нема за што да се зборува, иако граѓаните секојдневно се соочуваат со доцнење на работа, а учениците на часови.
Приватните превозници пак, велат дека сè уште не ја добиле поканата за средба во Владата, но очекуваат премиерот да си го одржи зборот.
„Апелираме на итност бидејќи 500 семејства без основа и незаконски останаа без работа и без плата за сработеното во изминатите четири месеци“, вели Ленин Јовановски, „Слобода превоз“.
Премиерот Ковачевски пак, тврди дека уште не ги добил потребните информации за да може да закаже состанок, па на даде ниту конкретен рок.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека Арсовска и Ковачевски си играат со приватните превозници за политичка корист.
Недостигот од автобуси за јавен превоз се забележува низ цело Скопје, но најпроблематична е состојбата на линиите 9, 19 и 20.
Мефаил Исмаили