ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повторно ќе се менува Законот за облигациони односи

Законот за облигациони односи кој деновиве предизвика серија реакции кај граѓаните и кај стручната фела, повторно ќе се менува и надополнува. Сега, откако пратениците ги видоа критиките, во Законот ќе бидат вметнати со посебен член и каматите од долгови за кои нема договор, односно за законски казнените камати кои се однесуваат и на долговите за комуналните трошоци. Координаторот на пратеничката група на СДСМ не призна јавно дека првично е направена грешка кога го менувале Законот, но вели дека текстот е прилично комплексен и народните избраници се обидуваат никому да не наштетат.

„За ненавремено плаќање на сметките нормално дека се пресметува законската казнена камата, но кога износот на законската казнена ќе го достигне износот на долгот, ќе престане да се пресметува исто како за договорната камата“, рече Јован Митрески СДСМ.

Најголемиот проблем за активистите е тоа што ниту новиот Закон не важи ретроактивно и со тоа нема да ги реши проблемите на граѓаните. Синдикалците велат дека овие измени на Законот за облигациони односи пратениците од мнозинството го препишале од Закон кој на сила бил во 70 – те години од минатиот век кој бил на сила во поранешна Југославија, но и тој бил за брзо повлечен.

„Се знае има институции, мора да ни каже некој за кои предмети важи. Граѓаните сега се доведени во ситуација, секој да плати адвокат и да ни го цитира Законот“, изјави Марјан Ристески синдикалец.

Според толкувањата на познавачите на облигационото право, новите правила за наплата на долгови може да направат сериозни проблеми во работењето на банките. Алсат два дена се обидува да стапи во контакт со Македонската банкарска асоцијација, но од таму нема ниту збор по ова прашање. Иако Законот е предвидено да биде на сила од први октомври, пратениците се оптимисти дека до вечер новите измени ќе бидат готови, а Законот утре ќе биде доставен до собраниските служби и ќе чека да биде ставен на дневен ред на некоја од наредните седници.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button