ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повторно отворено ковид-одделението во Општата болница во Кочани

По зголемувањето на бројот на заболени во регионот, повторно е отворено ковид одделението во Општата болница со проширена дејност во Кочани.

Згрижувањето на пациентите засега се прави на Одделот за интерни болести, каде се адаптирани простории и е обезбеден посебен влез.

– На интерното одделение, односно во болничките соби што се пренаменети за заболените од Ковид-19 можеме да примиме вкупно 25 пациенти. Во моментов се хоспитализирани девет болни и сите се со полесна клиничка слика. Модуларната ковид болница од пред десетина дена е подготвена да проработи повторно, но засега потешките случаи се препраќаат на Инфективното одделение во Штип. Ако дојде до поголем прилив на пациенти, уште идната недела таа може да биде ставена во функција, истакна Александар Серафимов, директор на Општа болница – Кочани.

Вакцинирањето на граѓаните во вакциналните пунктови во кочанската болница се одвива нормално и има доволен број вакцини и ревакцини од производителите Фајзер, АстраЗенека и Синофарм. Паралелно тече и теренската вакцинација на пунктови во селата и населените места, а за неподвижните и тешко болните лица се извршува и во домашни услови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button