ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Повторно поскапување на горивата, од утре нови цени

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден. Со тоа цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79,50 ден/лит.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. и ќе изнесува 73,00 ден/литар.