МАКЕДОНИЈА

Повторно расте бројот на мигранти низ Македонија по балканската рута

Повторно расте бројот на мигранти низ Македонија по балканската рута

Според МВР има раст за 7 отсто во однос на лани кога се работи за мигранти кои се откриени и спречени да влезат во земјава. Ама бројките на невладините се поалармантни, па од Црвениот крст во првите девет месеци од годинава пресретнале 35.000 мигранти, колку што имало во цела 2021 година.

Полицијата секојдневно јавува за случаи со криумчарење мигранти. Речиси и да нема ден без работа и за активистите на Црвениот крст. Иако балканската рута беше затворена на почетокот на 2016 година, откако низ неа минаа стотици илјади бегалци и мигранти, седум години подоцна земјава се уште ја нема укинато кризната состојба на јужната и северната граница.

Advertisements

Мигрантите постојано влегуваат во Македонија, само ако до 2016 година тоа го правеа пеш или со воз, сега патот им го организираат криумчари, па се скриени во комбиња и камиони. Од Црвениот крст чии мобилни тимови им помагаат мигранти кои успеале да влезат во земјава, во првите девет месеци од годинава пресретнале 35.000 лица, колку што имало во цела 2021 година.

Последниот случај кој сериозно ја вознемирил Сузана Тунева – Пауновска, инаку секретар на организацијата, бил пред две недели кога во реонот на селата Лојане и Ваксинце, наишле на група деца од Авганистан кои патувале без своите родители, во придружба на други возрасни лица.

„Се даде совет дека децата треба да останат во Македонија, дека треба да бидат дел од поддршката на нашата држава , да се прифатат во центарот, да се проба повторно да се спојат со нивното семејство. Меѓутоа тоа оди тешко затоа што честопати не можеме да го дознаеме вистинскиот идентитет на лицата затоа што документите со коишто располагаат честопати се лажни“, раскажува Тунева – Пауновска.

аканаречената балканската рута се движи главно од Турција и Грција, преку Македонија и Србија кон европските држави кои се крајна цел на мигрантите. Тие бегаат од воените дејства во нивните земји, економската нестабилност и се почесто до климатските промени кои носат глад.

Бројот на нерегуларни пристигнувања во земјава лани изнесуваше 20.874 лица, што е значително помалку од 41.257 лица регистрирани во 2020 година. Ама сега бројките повторно растат, што според Зоран Дранговски, од Здружението на млади правници е доволен показател дека оваа состојба ќе продолжи.

„Овие бројки укажуваат единствено дека државите од Европа, вклучително и Македонија, кои, не може да ја затворат таа рута, не затоа што таа рута со зголемен број полициски службеници не се обезбедува доволно, туку затоа што е рута која е избрана од самите мигранти бидејќи се уште е најбрзата, најбезбедната рута да се стигне до земјите од ЕУ“, забележува Дранговски./rse/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button