ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повторно се актуелизира дебатата – Македонија со една изборна единица

Mefail ISmaili

Advertisements

Политичките партии остануваат на претходните позиции за измените во изборниот законик, бидејќи помалите партии-партнери на СДСМ, побараа од премиерот Зоран Заев да се разговара за моделот со една изборна единица.

Од ДУИ не даваат конкретни одговори дали се за или против таквата форма.

„Ќе имаме конструктивен дијалог за ова прашање, важно е Изборниот законик да биде консензуален бидејќи ги поставува правилата за изборната трка на сите партии.“

Но, од албанската опозиција се против моделот со една изборна единица. Остануваат отворени за други варијанти, вклучително и за нивниот предлог, земјава да има осум изборни единици.

Од движењето БЕСА велат дека има некои модели кои би го зголемиле квалитетот на застапеноста на граѓаните, но приоритет треба да им се даде на отворените листи.

„Главен приоритет треба да биде моделот што ќе овозможи отворени преференцијални листи бидејќи е докажано дека овој модел ќе ја расчисти политичката сцена и ќе го зголеми квалитетот на народните избраници.“

Од ВМРО-ДПМНЕ кусо одговараат дека прво треба да го погледнат предлогот на партиите-партнери на СДСМ.

„Подготвени сме да разговараме за секоја тема што е во интерес на граѓаните и за подобрување и унапредување на демократските вредности, но прво мора да го видиме предлогот за кој треба да се дебатира.“

Помалите партии кои се дел од коалицијата со СДСМ на средбата на лидерите на партиите од владејачката коалиција побараа да се отвори темата за изборните единица. Лидерот на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, во дебатна емисија рече дека двете најголеми партии само ги залажуваат. Обиди за промена на изборниот модел со една изборна единица имаше и пред парламентарните избори минатата година, но тие не беа прифатени од другите политички партии, освен од СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button