
Две лица на возраст од 19 и 18 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи нешто по полноќ во општина Драганиќ, недалеку од Карловац, пренесуваат локалните медиуми.
Несреќата се случила 25 минути по полноќ кога патничко возило со карловачки регистерски таблички поради пребрзо возење излетало од патот и се превртело во канал.
Утврдено е дека починатите не носеле појаси.
Вчера еден маж почина, а друг е во болница откако на главниот пат кај Дубровник голема карпа падна врз комбето со кое се превезувале.
Од силината на ударот карпата го смачкала и го превртелa возилото, во кое загинал човекот.