ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Повторно во прекин железничката линија Скопје-Табановце поради недостиг на машиновозачи

Жителите на Романовце и Табановце повторно реагираа дека е укината железничката линија Скопје – Табановце.
Од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје денеска информираа дека причината поради укинувањето на линијата е недостаток на машиновозачи.
– Се надеваме дека проблемот ќе се надмине со прием на машиновозачи, изјавија од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.
Граѓаните кои го користат железничкиот превоз велат дека е многу поевтино да се користи воз во однос на зголемените цени на автобуски превоз до Скопје.
На оваа линија има неколку застанувања, а најчесто ги користат жителите на Романовце и Табановце поради работата во Скопје.
И летото лани имаше сличен проблем на оваа линија, исто така поради недостиг на машиновозачи.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button