ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожар ја пеплоса бараката на „Улици и патишта“, потпалена и „шкодата“ на обвинителот Бубевски

До темел изгоре бараката на скопското претпријатие „Улици и Патишта“. Канцелариите на оваа институција се пеплосани, а документите изгорени. Директорот на претпријатието, Борис Настов очекува уште утре со помош на градските власти и другите претпријатија да се најде времена канцеларија.

Advertisements

„Во моментов преземаме мерки да обезбедиме просторно решение за нормално функционирање на претпријатието“, велат од ЈП Улици и Патишта – Скопје.

Огнот го гаснеа 19 пожарникари. Хидрантите во бараката не работеа, а пожарникарите ги користеа оние на Водовод, вели командантот на скопската пожарна Владимир Симоновски. Пред институцијата ќе дежураат пожарникари за да спречат евентуално ново ширење на пожарот. Пожарот не избил од бараките, туку огнот се раширил откако пожар избил во автомобил паркиран пред бараката.

„Интервенцијата траеше заради тоа што имавме сериозен проблем околу настанувањето, причинител се возилата коишто беа паркирани до самата барака од коишто е зафатена бараката. На бараката има правено некоја нова кровна реконструкција и ни претставуваше посериозен проблем за влегување во самата барака, нејзиното сечење и отворање“, рече Владимир Симоновски, командант на противпожарна бригада Скопје.

Огнот од запалениот автобил го зафатил и автомобилот на обвинителот Гаврил Бубевски, кој бил паркиран веднаш до него. Тој во телефонски разговор за Алсат вели дека неговиот автомобил бил колатерална штета.

„Не мислам дека јас сум некаква мета на напад, верувам дека моето возило е колатерална штета во пожарот“, рече обвинителот Бубевски.

Од ВМРО – ДПМНЕ прашаа дали пожарот бил намерно подметнат.

„Дали станува збор за намерно подметнување на пожар со цел да изгорат одредени материјали и доколку е така за каков криминал да се заштити?“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.

Од Левица забележуваат дека пожарот избил откако советниците не го одобриле извештајот за финансиското работење на „Улица и патишта“. Дали се работи за криење на докази за криминални дејства или се работи за расчистување на теренот за никнување на нова зграда на оваа атрактивна локација, или пак, се работи за несреќен случај, одговори ќе треба да дадат МВР и Јавното обвинитество велат од Левица. Директорот на јавното претпијатие Настов во телефонски разговор за Алсат рече дека сите документи кои изгореле ги имаат и електронски.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button