Синоќа изгореле кабините на два камиони кои го блокираат влезот во Северна Митровица од правец на Дудина Крш.
Камионите биле поставени на барикада на патот што води од Јужна Митровица до Техничкото училиште.
Засега нема официјални информации за причината за пожарот.
Како што јавува Косово онлајн, на лице место има припадници на ЕУЛЕКС.