ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Во Студенчишкиот канал во Охрид утрово избувна пожар на глисер.
Пламенот се појавил непосредно откако сопственикот го стартувал моторот на пловилото, кое било закотвено.
По интервенција на противпожарната служба, огнот е локализиран, а повредени лица нема.
Причините за пожарот се истражуваат.