Пожар пеплоса три авто плацеви во Велешта

Пеплосаните автомобили зборуваат за страотниот пожар кој во неделата попладне зафати три авто плацови во струшко Велешта. Сопствениците за Алсат раскажуваат дека изгореле повеќе околу 200 возила, некои од нив и во возна состојба. Пожарот почнал во непосредна близина, и за кратко се проширил и ги зафатил паркираните автомобили и други возила.
„Пожарот тргнал од кај Црн Дрим и за неколку минути од пожарот е стигнат до кај куќите и автомобилите.Некаде околу 95 автомобили се изгорени кај мене.Некои со мотор, некој без мотoр, некои во возна состојба.Претпоставуваме дека околу 400.000 евра е штетат. Имаше и нови автомобили, А осмица, С класа, комбиња, ауди А5 “, рече Амди Хани-сопственик на автоплац.
Велат дека изгорените автомобили не биле осигурани, а дел од оние кои изгореа, биле и на нивни клиенти.
„Има возила на наши клиенти што се изгорени и незнам понатаму што ќе биде со тоа“, рече Љуши Хани-сопственик на автоплац.
Се сомневаат дека пожарот е намерно подметнат.Велат дека не се чуствуваат доволно безбедни после овој настан, иако велат дека со години чесно ја работат оваа работа, а имаат муштерии од цела Македонија.
„Намерен е пожарот. Пожарникарите имаат камери и гледале некои работи, а никој не реагираше. Кажуваат го гледавме пожарот од другата страна. Општината е виновна. Треба да има поефикасни возила пожарникарски, хидранти, повеќе треба да инвестира во овој дел“, додава Хасани.
„Никој не дојде од општина, да праша како сме, никој не се интересираше. Ниту на телефон не се јавија.Само дојдоа од полиција, направија записник и толку“, изјави Ардијан Речи-сопственик на автоплац.
Раскажуваат дека за половина час изгорелo се. Успеале да ги спасат, објектите во близина, а во тоа им помогнале 200 граѓани кои доброволно сакале да помогнат. Десеттина од нив поради густиот чад кој го вдишале, завршиле во болница. Од полицијата велат дека нивна екипа излегла на лице место,направиле увид и контатирала дека на три автоплацеви опожарени биле стотина автомобили. Причината за пожарот се уште се утврдува.
Мики Трајковски