ВЕСТИРЕГИОН

Пожар се шири во Грција, загрозени се повеќе домаќинства

Пожарот во областа Цигунас се приближил до населбата Антискари во Месара, во општина Фестос, поради што властите издале наредба за евакуација кон градот Лентас, објави весникот „Катимерини“.

Advertisements

Во гаснењето на пожарот учествуваат 48 пожарникари со 17 возила, како и пешадиска екипа.

Ангажирани се два хеликоптера и цистерни за вода од околните општини.

Според локалните медиуми, неколку домаќинства, населби и оранжерии во областа се во опасност.

Во меѓувреме, на островот Хиос, пожарникарите се борат со ново жариште на планината Провата, северно од селото Лити.

Пожарот повторно се разгоре утрово, а пожарникарите, со помош на воздухопловните сили, се обидуваат да го локализираат.

Хиос останува во вонредна состојба откако повеќе од 47.700 хектари земја изгореа во големи пожари минатата недела, според службата Коперникус на Европската Унија.

Шефот на противпожарната служба на островот, Ставрос Капеларидис, беше примен во болница со симптоми на дехидратација и исцрпеност, соопштија локалните власти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button