ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пожар во фабриката „Жито Битола“, штетата огромна

Голем пожар доцна попладнево уништи голем дел од фабриката „Жито Битола“ во тој град. Во моментов сè уште трае гаснењето на огнот.
Нема повредени, но причинета е голема материјална штета. Огнот веќе го изгоре покривот од главната зграда на капацитетот, а гори и највисокиот кат.
Зафатен е стариот објект на „Жито Битола“ со кој стопанисува фирма во чиј состав има пекара, млин и силос. Рано е да се каже што го предизвикало пожарот, но според едната верзија, тој започнал од пекарата, а според другата – од покривот. „Жито Битола“ пред многу години отиде под стечај, но приватници купија дел од фабричките објекти и го рестартираа производството на леб и брашно.