ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожар во ОХИС, нема информации за горење на какви било опасни материи

Во поранешната фабрика ОХИС гори дрвна маса, а има и опожарен оџак, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). По добиената пријава за пожарот на европскиот број за итни повици Е-112, како што велат од ЦУК, известени се екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Advertisements

„Гаснењето на пожарот во ОХИС е во завршна фаза. Нема информации за горење на било какви опасни материи. Веднаш откако ќе биде изгаснат ќе имаме повеќе информации околу пожарот“, додаваат од ЦУК.

За две недели ова е вторпат да има пожар во кругот на ОХИС. Претходно гореше сува трева зад фабриката.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button