ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожар во подрум на зграда во Чаир, жителите се евакуирани

Рано изутринава 35 семејства се евакуирани од зграда во скопската населба Чаир поради голем пожар што избувнал во подрумските простории. Дел од станарите, но и неколкумина пожарникари побарале лекарска помош поради задушување од чадот.

Advertisements

Луѓето коишто екипата на Алсат ги затекна пред зградата рекоа дека становите ги напуштиле уште во 1:50 часот по полноќ, кога избувнал пожарот. Набрзо пристигнале противпожарните екипи коишто започнале организирана евакуација на зградата.

Според Пожарникарите, екипите за прва помош пристигнале навреме.

„До сега со скалите на противпожарната единица на град Скопје се евакуирани 35 семејства, нема несреќни случаи. Пожарникарите пристигнале навреме и работеле 9 часа“, изјави Сефер Демири, пожарникар.

Сѐ уште не се познати причините за овој пожар.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button