ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пожар во зграда во Чаир, најмалку шест лица во болница

Најмалку шест лица се повредени во пожар кој утрово избувнал во зграда во скопската населба Чаир. Според информациите, шест лица на скопските клиники побарале помош поради вдишување на чад.
Екипите на противпожарната бригада веднаш излегле на терен, а според информациите биле евакуирани околу 100 лица.
Во пожарот била зафатена продавница и магацински простор.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денов.