ВЕСТИРЕГИОН

Пожарите околу Атина повторно активни, гори и на Родос и на Пелопонез

Ситуацијата со пожарите што вчера попладне се разгореа во западниот дела на областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Родос денеска е подобрена. Локалните противпожарни служби соопштија дека до разгорувањето на пожарите е дојдено поради сè посилните ветрови.

Advertisements

Пожарот што гори во Атика, четврти ден по ред, доведе до евакуација на населението и предизвика поголемо уништување на имотот.

Според информациите што ги пренесуваат грчките медиуми, досега е изгорена површина од 9 400 хектари, од кои 60 отсто се во рамките на општината Мандра, додека во западна Атика и Коринт се оштетени или уништени над 100 објекти.

И покрај мобилизацијата на дополнителни ресурси – во одреден момент, 11 противпожарни авиони и исто толку хеликоптери, вклучително и четири испратени од Франција и Италија, интервенирале во областа, но според пожарникарите високите температури придонеле гаснењето со вода да биде неефикасно.

Она што, според Противпожарната служба, е загрижувачко е пожарот пред селото Стефани кој ако се движи кон исток би ја загрозил целата Национална шума на планината Парнита.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button