
Масивните пожари, поттикнати од климатските промени, доведоа до рекордна загуба на шуми низ целиот свет во 2024 година, според извештајот на Светскиот институт за ресурси (WRI) и Универзитетот во Мериленд.
Само во тропските шуми се изгубени 6,7 милиони хектари, што е зголемување од 80 проценти во споредба со претходната година и површина приближно со големина на Панама, објави Ројтерс.
Главната причина беше Бразил, кој се соочи со најлошата суша некогаш забележана во Амазон, што го отежнува контролирањето на пожарите пред самитот за климата закажан за ноември во таа земја.