
Стотици грчки пожарникари и волонтери веќе трет ден се борат со големите пожари во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и во поширокото подрачје на Лутраки на Пелопонез, а ново жариште се појави и на островот Родос.
Грчките власти информираат дека сите сили на цивилната заштита продолжуваат да се борат со огнот во текот на денот во сите делови каде има пожари.
Ситуацијата е особено тешка кај градот Мандра, на околу 40 километри од центарот на Атина, каде што еден од пожарите се протега на осум километри. Во гаснењето на овој пожар, како што информира портпаролот на противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис, интервенираат копнени сили, а со разденувањето распоредени се пет авиони и осум хеликоптери, од кои еден за координација.
„Живееме кошмар. Куќите и имотите се во пламен“, изјави градоначалникот на Мандра, Христос Статис.
´Ετσι για να έχουμε μια εικόνα πόσο «εύκολο» είναι για τα πληρώματα των Chinook και των CL…@HAFspokesperson @HAspokesman @hndgspio #fire #φωτια pic.twitter.com/mfeUI7TcFf
— Kostas Sarikas 🇬🇷 (@SarikasKostas) July 18, 2023