ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожарникарите од Македонска Каменица го локализираа пожарот кај Костин Дол

Локализиран е пожарот што денеска околу 13 часот избувна во Штабско маало кај селото Костин Дол.  Како што информираше командирот на Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, Малин Трајчевски во пожарот опожарена е борова шума на површина од 10 декари.

Advertisements

-Дојавата за пожар во ова маало или поточно кај месноста ,,Бачијата” ја примивме во 13:20 часот. Во гаснењето учествуваа три пожарникари, едно лице од Општина Пехчево и десетина вработени во Јавното претпријатие Камена Река. Изгорени се околу 10 декари бор, кој е зафатен во ниските делови, но нема штета на крошните, рече Трајчевски.

Апелираше на поголема ажурност на екипите од Шумско стопанство во иднина, чија реакција изостанала при денешната интервенција.

Пожарот е ставен под контрола околу 16 часот, но екипи ќе останат на терен со цел да се спречи евентуално повторно разгорување на пожарот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button