СВЕТ

Пожарникарите се обидуваат даги стават под контрола шумските пожари во Лос Анџелес

Пожарникарите се обидуваат даги стават под контрола шумските пожари во Лос Анџелес

Пожарникарите се обидуваат даги стават под контрола шумските пожари во Лос Анџелес, кои беснеат веќе седум дена. Властите велат дека најмалку 24 лица загинале во пожарите, додека 16 други сé уште се водат како исчезнати.

Advertisements

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, рече дека тоа би можело да биде најголемата природна катастрофа во историјата на САД, бидејќи уништи илјадници домови и принуди над 100.000 луѓе да се евакуираат. Според официјалните претставници, повеќе од 12.300 објекти се оштетени или уништени. Состојбата се очекува да ја влошат ветровите од 80 до 112 километри на час кои, според Националната метеоролошка служба, ќе продолжат до среда. Властите го предупредија целото население на округот Лос Анџелес кое брои скоро 10 милиони луѓе, дека може да добие наредба да се евакуира од пламенот и токсичниот чад.
Продолжуваат да се истражуваат причини за пожарите, кои може да покажат како најскапи во историјата на САД. Според прелиминарните проценки, штетите од пожарите би можеле да достигнат до 150 милијарди долари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button