ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пожарот на Серта никако да се изгасне, од ЦУК велат активни се десетина пожари
Пожарот на Серта никако да се изгасне, од ЦУК велат активни се десетина пожари

И покрај напорите на властите да го изгаснат пожарот на планината Серта, тој и понатаму е активен повеќе од 10 дена. Директорот на Центарот за управување со кризи рече дека покрај другите активни пожари, токму на оваа планина се наоѓаат две жаришта. Тие во моментов не ги загрозуваат населените места.
Во моментов активни пожари има во општина Пласница, два на територијата на Чашка, два на територијата на Долнени додека пожарот во општина Новосело постојано се гаси и повторно се разгорува.
Од странските капацитети кои дојдоа да и помогнат на земјава, моментално на располагање е само црногорскиот хеликоптер.
Ајнур Бафќари