ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пожарот над Радовиш ставен под контрола

Пожарот над Радовиш е ставен под контрола, соопшти синоќа градоначалникот Ацо Ристов.

Advertisements

-Пожарот во Радовиш е ставен под контрола. Граѓаните да бидат мирни и безбедни. Во текот на ноќта ќе дежураме и мислиме дека до сабајле ќе биде локализиран. Беше напорно, беше серизно, но со помош на сите луѓе вклучени во акцијата мислиме дека луѓето треба мирно и безбедни да си ја поминат ноќта, изјави градоначалникот на Радовиш, Ристов.

Ристов на терен беше со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Во изјавата за медиумите Ангелов кажа дека на асфалтираниот пат ќе бидат распоредени локалните пожарникари за да не дозволат пожарот да го премине асфалтираниот пат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button