ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Пожарот во Кочани ја зеде 62-та жртва, пациент во Белград подлегна на повредите

Дваесет и четиригодишниот Стојанче Стефанов е 62-та жртва од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани. Пациентот кој се лекуваше на Воено-медицинската академија во Белград, бил во критична состојба уште од почетокот, бил ставен на механичка вентилација и опериран на 4 април.
На 16 март Стефанов најпрвин е хоспитализиран на Клиниката за интензивно лекување и реанимација, а потоа е испратен во Белград. Координаторот на клиниката рече дека имал изгореници од втор степен и повреди на дишните патишта и белите дробови.
Според последните информации, во критична состојба се уште двајца пациенти. Во моментов 45 пациенти се лекуваат во странство, а оние кои ќе се вратат ќе биде хоспитализирани на Клиниката за пластична хирургија.
Линда Ебиби