ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Позитивна средба за Законот за државјанство, идната недела нова средба

Средбата на претставниците на Владата со претставниците на албанската опозиција во Собранието немаше епилог, но беше оценета како позитивен чекор во кој страните ги презентираа аргументите и контрааргументите што ќе бидат разгледани во рок од неколку дена. За помалку од една недела, страните повторно ќе се состанат за да ги конкретизираат своите позиции. Откриени биле слаби точки во процесот на добивање државјанство.

Advertisements

„Самиот премиер беше тој кој рече дека нема потреба од тројца сведоци, доволно е доказ или потврда на еден од членовите на семејството на апликантот. Го поднесовме ова барање и веруваме дека тие ќе го прифатат. Ќе го направевме овој компромис, секогаш во интерес на оние кои имаат потреба. Доволно би биле серија документи за поднесување на апликантот. Покрај потврдата, може да биде документ за електрична енергија или друг документ што го поврзува со своето место”, изјави Скендер Реџепи, Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Алијансата и Алтернатива ќе разговараат за ова прашање и со ВМРО-ДПМНЕ и со Левица кои поднесоа амандмани. ДУИ пак, бара нов закон.

„Зборуваме за нов закон. Не ретко, но честопати албанската опозиција нè повикуваше да седнеме и мило ми е што денеска тие размислија да седнат да разговараат за системски и законски решенија на оваа категорија граѓани“, рече Арбер Адеми, ДУИ.

Според Адеми, за време на владеењето на ДУИ биле одобрени 13 илјади државјанства, а околу 2.600 барања се во постапка. Бројот на лица без државјанство, како што велат од ДУИ е помал од она што го вели опозицијата. Од друга страна, американскиот Стејт Департмент во својот последен извештај го истакна проблемот со немањето државјанство во земјава. Во него се наведува дека и покрај некои превентивни мерки за намалување на лицата без државјанство, не постои механизам за идентификување и утврдување на лицата без државјанство, не постои статус на заштита за лицата без државјанство, ниту кој било друг начин да се добие државјанство.“ Според Стејт Департментот, „остануваат значителни празнини што го попречуваат напредокот на земјата кон усогласување со меѓународните стандарди за заштита на лица без државјанство и спречување на таа појава.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button