Позицијата на член во ДИК може да не се пополни

Движењето „Народ“ на Скендер Реџепи нема да предложи име од листата на кандидати за член на ДИК, но Европската демократска партија на Аријан Хоџа веќе го предложи Зулфи Адили. Овие две партии беа меѓу петте албански партии за кои претседателот на Собранието Талат Џафери ги информираше дека имаат право да дадат свој предлог за член на ДИК. Од Европскиот сојуз за промени, составена од три партии Беса, Алтернатива и Демократско движење велат дека веќе го известиле првиот човек на Собранието за нивниот кандидат Абдуш Демири и токму тој треба да ја заземе оваа функција. Од Беса и Алтернатива велат дека тие се единствените две партии кои конкурирале на последните избори додека неодамна формираните партии немаат право за оваа функција.
„Ако оваа саботажа продолжи и овој член се даде на сателитска партија што неодамна ја формираше ДУИ, или се саботираат овие избори за да остане празно местото на нашиот член, тогаш нека и се забрани на опозицијата да учествува на избори, исто како што направија во Југославија во ЈНА на Џафери“, вели Сафије Садику Шахини, Европски сојуз за промени, Алтернатива.
Ризикот дека местото член на ДИК ќе остане празно е голем. Албанската опозиција има поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за нивниот член, но не се знае дали ќе ја добие поддршката од мнозинството. Европскиот сојуз за промени се сомнева дека намерата на првиот човек на Собранието Талат Џафери и на мнозинството е да ја остават празна оваа позиција во ДИК, со цел изборни манипулации.
„Опозицијата во Собранието дава поддршка на кандидат од опозицијата во ДИК. Се подразбира дека опозицијата ќе го поддржи секој предлог што е од опозицијата, не може да поддржи предлог што е од мнозинството затоа што со Изборниот законик празното место и припаѓа на опозицијата“, рече Фадил Зендели, Европски сојуз за промени, Беса.
За избор на член на ДИК потребни се 80 гласа. Првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, изјави дека пополнувањето на местото член ќе биде голема помош за институцијата која ги организира изборите, особено кога се наближуваат изборите.
Фатлуме Дервиши