ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Познат бројот на судски предмети засегнати од измените на КЗ

Дури 36 предмети кои се во Кривичниот суд ќе бидат засегнати со новиот Кривичен законик, но не се знае колку од нив застаруваат, а колку се преквалификувани. Од нив 21 се предмети на поранешното Специјално обвинителство. Оценката ќе треба да се даде до 25 октомври, но првиот човек на Кривичниот суд Иван Џолев на денешната средба со новинарите рече дека во многу случаи кривичното гонење ќе продолжи бидејќи обвинетите имаат едно или повеќе комбинирани дела за кои се гонат.

Advertisements

Според Џолев, ниту еден од обвинетите за кои е прекинато кривичното гонење поради застареност, досега не побарал отштета. Најмалку до денеска Кривичниот суд нема добиено известување дека некој од поранешните обвинети сака државата да му исплати финансиска компензација за делата за кои бил обвинет, а за кои повеќе нема основа по измените во Кривичниот законик.

Џолев го обвини и Апелациониот суд дека голем број предмети вратил на повторно судење, што, според него, ја оптоварува ефикасноста на првостепениот суд. Ние не сме причина за застарувањето на делата. Времето тоа ќе го докаже, рече Џолев на средба со новинарите.

Неодамнешните измени во Кривичниот законик создадоа хаос во органите на прогонот поради тоа што новите одредби го забрзаа застарувањето на десетици предмети. Некои пак, кои се однесуваа на злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружување, мораа да паднат. Во меѓувреме, Јавното обвинителство сè уште го нема изготвено извештајот од оценката за случаите кои ќе бидат засегнати со новите измени во Кривичниот законик. Обвинителството по одобрените измени оцени дека отфрлањето на обвинението не значи дека се запира постапката за конфискација на имотот за кој ќе се утврди дека бил незаконски стекнат.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button