РАКОМЕТСПОРТ

Познат распоредот на Македонија, првиот дуел е се Унгарија

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците на 29. Светско првенство во ракомет. Македонија ќе игра во Д групата во Вараждин против Унгарија, дебитантот Гвинеја и Холандија.

Advertisements

Група А (Хернинг): Германија, Швајцарија, Полска, Чешка

Група Б (Хернинг): Данска, Тунис, Алжир, Италија

Група Ц (Пореч): Австрија, Кувајт, Катар, Франција

Група Д (Вараждин): Унгарија, Гвинеја, Македонија, Холандија

Група Е (Осло): Норвешка, САД, Бразил, Португалија

Група Ф (Осло): Шведска, Чиле, Јапонија, Шпанија

Група Г (Загреб): Словенија, Зеленортски острови, Куба, Исланд

Група Х (Загреб): Хрватска, Бахреин, Аргентина, Египет

Првите три селекции од секоја група одат во вториот круг, каде ќе бидат формирани нови четири групи. Во четвртфиналето ќе се пласираат првите две селекции од секоја од тие четири групи. Од четвртфиналето ќе се игра нокаут систем.

Првиот натпревар на македонските ракометари е закажан против Унгарија на 15 јануари, додека два дена подоцна играат против Холандија, додека последната средба во првата фаза се игра на 19 јануари против Гвинеја. Најдобрите три екипи од групата ќе се пласираат во втората фаза од ракометниот Мундијал.

Во случај избраниците на селекторот Кирил Лазаров да успеат да пројдат во следната фаза, нашата репрезентација ќе остане да игра во Вараждин.

Светското првенство ќе се игра од 12. јануари до 2.февруари 2025 година во Норвешка, Данска и Хрватска

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button