СПОРТ

Познати и четвртфиналните двојки од СП 2023

Со драматичниот дуел меѓу Канада и Шпанија е заокружена и втората групна фаза од СП 2023, по што се познати и четвртфиналните двојки. Денес е слободен ден на шампионатот, по што за вторник и среда се закажани по две четвртфинални средби.

Литванија со победата над САД го освои првото место во својата група и за ривал ја доби Србија, меч што ќе биде и прв на програмата од четвртфиналните пресметки, во вторник со почеток во 10.45 часот.

Американците како второпласирани ќе се сретнат со Италија, меч во кој се апсолутни фаворити и кој ќе се игра со почеток во 14.40 часот во вторник.

Програмата в среда ќе ја отвори дуелот Германија – Летонија во 10.45 часот, а последен дуел е оној меѓу Лука Дончиќ и Словенија против селекцијата на Канада.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

  1. септември (10:45 ч.): ЛИТВАНИЈА – СРБИЈА
  2. септември (14:40 ч.): САД – ИТАЛИЈА
  3. септември (10:45 ч.): ГЕРМАНИЈА – ЛЕТОНИЈА
  4. септември (14:40 ч.): СЛОВЕНИЈА – КАНАДА
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button