
Чаби Алонсо и официјално ќе биде нов тренер на Реал Мадрид. Шпанскиот гигант соопшти дека новиот предводник ќе го преземе тимот на први јуни, по што веднаш ќе се фокусира на настапот на Светското клупско првенство.
Ова значи дека Алонсо ќе дебитира на клупата на натпреварот против Ал-Хилал на 18 јуни, а потоа го очекуваат уште два меча против Пачука и Салцбург.
Реал Мадрид е голем фаворит во групата и се очекува лесно да избори прогрес во елиминациите.
На првиот тренинг Чаби Алонсо ќе ги има на располагање и двете нови засилувања – Дин Хуијсен, кој пристигна од Борнмут, како и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул.