СПОРТФУДБАЛ

Познато е колку ќе отсуствува Ламине Јамал од зелените терени

Барселона се соочува со огромни проблеми бидејќи лошата форма не е единственото нешто што го загрижува Ханси Флик. Германскиот стратег нема да може да смета на услугите на еден од најдобрите поединци во тимот, младата ѕвезда Ламин Јамал во следниот месец.

Advertisements

Младиот талентиран шпански фудбалер заработи повреда на лигаментот на зглобот и го очекува пауза од три до четири недели.

Тоа значи дека Барселона ќе мора да се снајде без неговите услуги во предизвиците кои следат како дуелот со Атлетико Мадрид, натпревар кој може да биде и одлучувачки по шампионските амбиции.

Покрај тоа мала е веројатноста дека Јамал ќе се врати на почетокот на месец јануари за предизвиците во Купот на Шпанија и Суперкупот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button