
Манчестер Јунајтед ќе мора да плати отштета од околу 17,5 милиони фунти на Ерик тен Хаг доколку челниците на Олд Трафорд решат да го отпуштат холанѓанецот.
Интересно е тоа што оваа сума е околу половина од она што „црвените ѓаволи“ го заштедија по отпуштањето на 250 вработени во обид да ги намалат вишокот трошоци.
Дваесеткратните шампиони претрпеа понижувачки пораз од 3:0 од Тотенхем во неделата попладне, што предизвика нов бран шпекулации за иднината на менаџерот.
Сепак, медиумите во Англија се уверени дека тој ќе добие шанса за „поправен“ оваа недела, кога Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Порто во Лигата на Европа, а потоа игра со Астон Вила во Премиер лигата. Потоа следува пауза за репрезентациите при што повторно ќе се преиспита неговата иднина и со слаби резултати на овие два меча речиси сигурно ќе остане без работа.