
Цените од 1 август ќе се земат како референтни за најавеното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи во земјава, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Како што истакна Ковачевски, поскапувањето се случувало најмногу после 1 август, затоа е земено и како репер, но тоа не значи дека нема да земат предвид и други елементи.
-Ги анализиравме цените и практично, покачувањето се случува најмногу после 1 август, затоа го земавме како репер. Но, тоа не значи дека нема да се земат предвид и другите елементи, па и јули. Анализата се прави, сметам дека до крајот на викендов ќе биде завршена, потенцира Ковачевски.