ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Познато кој ќе биде новиот британски амбасадор во земјава

Метју Лосон е именуван за нов британски амбасадор во земјава.

Advertisements

Тој ќе стапи на должност на местото на актуелната амбасадорка Рејчел Галовеј, чиј мандат истекува во јули годинава.

Лосон во Скопје доаѓа по амбасадорската функција во Душанбе, Таџикистан. Во неговата биографија се наведува дека ја вршел и функцијата заменик-шеф на британската мисија во Босна и Херцеговина од 2015 до 2018 година, а имал дипломатска служба и во Канада од 2013 до 2015 година.

Новиот британски амбасадор работел и како шеф на Одделот за Јужна Азија и Авганистан при Министерството за надворешни работи и Комонвелт од 2009-2011.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button