ВЕСТИЗДРАВСТВО

Прана или животна енергија- древна наука и уметност на лекување


Прана е животна енергија која го одржува телото во живот и здравје. Ова е древна наука и уметност на лекување на целото физичко тело.

На грчки се нарекува „pneuma“, на полинезиски „mana“, а на хебрејски „ruah“ што значи „здив на животот“. На пример кога одите на доктор, тој прво ја мери праната- животната енергија или здивот, со тоа што ви вели да дишете.

Праната или животната енергија во телото е најважна и постојат 3 главни извори: сонце, земја и воздух.

Прана од сонцето

Сончевата енергија доаѓа од Сонцето. Таа го храни телото и го стимулира здравјето.
Соларната прана се добива кога се изложуваме на сонце или кога се бањаме околку 5-10 минути. Пиењето на вода што пред тоа била изложена на сонце исто така начин за внесување на прана во телото.
Не е потребно да се изложуваме постојано на сонце бидејќи на тој начин физичкото тело може да се оштети. Зборуваме за изложување на силно сонце.

Прана од воздухот

Праната во воздухот се нарекува воздушна или воздушна животна честичка.
Воздушната прана влегува во белите дробови преку правилниот начин на дишење и тоа преку енергетските центри и биоплазматското тело.
Овие енергетски центри се нарекуваат чакри.
Плиткиот и неправилен начин на дишење не му помага на здравјето и животот на телото.
Воздушната прана може да се влезе во телото преку порите на кожата кај луѓето по вежбање.

Прана од земјата

Праната која се наоѓа во земјата се вика прана на земјата или животна честичка на земјата.
Таа навлегува во телото преку стапалата. Тоа најчесто е автоматски, а ние не сме свесни и не може да забележиме.
Кога стапалата се боси, праната се засилува и навлегува во телото.
Секој индивидуално може да научи свесно да ја вовлекува во телото земјината прана, за да го засили капацитетот на работа и способност и да создаде јасни мисли во умот.

Водата ја впива праната од воздухот, сонцето и земјата со кои доаѓа во контакт.
Растенијата и дрвјата добиваат прана од сонцето, воздухот и земјата. Луѓето и животните добиваат прана од сонцето, воздухот, земјата, водата и храната.
Свежата храна содржи многу повеќе прана- животна енергија, одошто конзервираната.

Праната може да биде проектирана од друга личност во однос на лечење

Луѓето со посилна прана може да помогнат за подобро здравје на луѓето околку нив, додека пак луѓето кои немаат доволно енергија, настојуваат несвесно да ја цицааат од другите.
Сигурно сте забележале дека откако ќе се сретнете со некоја личност со мала енергија дома се враќате без тронка енергија во вас. Овие луѓе може слободно да ги наречеме „цицачи на енергија“.

Постојат одредени растенија или дрвја како што е борот кој шири многу прана. Алтернативната медицина потенцира дека кога сме уморни или болежливи седењето покрај ова дрво може да ја подобри нашата прана и нашето здравје веднаш да покаже добри резултати.
Индивидуално, секој може да научи како да прима енергија од друг или од растенијата или карпите, кога ова се случува телото трепери од голема количина на енергија. Оваа вештина може да се совлада со постојано вежбање и интерес.

Важно е да знаеме дека телото има повеќе прана во текот на денот одошто во текот на ноќта. Праната во телото е најниска околу 3-4 часот наутро.

Биоплазматско или енергетско тело

Биоплазматско тело или енергетско тело е нешто со кое е опкружена секоја личност.
Како и видливото физичко тело и ова тело е исто. Се нарекува и етерично дупло или само етерично тело.
Зборот пак биоплазматско, доаѓа од био- што значи живот и плазма што е четврта состојба на материјата . Првите три се : цврста, течна и гасовита состојба.
Преку биоплазматското тело праната или животната енергија влегува и се распоредува низ целото физичко тело.

Меридијани или биоплазматски канали

Постојат неколку главни биоплазматски или енергетски канали и милиони миро канали низ кои тече и се распоредува праната што го одржува телото во живот.
Во јогата овие канали се нарекуваат макро и микро нади.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button