Прашањето за дестабилизација отврено и на седницата за пратенички прашања

На седницата за пратенички прашања беше отворена и многу дискутираната тема за дестабилизација на државата. Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник на СДСМ, Оливер Спасовски, побара одговор од премиерот Христијан Мицкоски што е преземено во однос на елиминирање на потенцијалните елементи за дестабилизација.
Министерот за внатрешни работи Тошковски не зборуваше за дестабилизацијата, туку за ефикасноста на МВР во расветлувањето на убиствата и грабежите во Скопје.
Шефот на Владата побара од Спасовски да каже зошто не бил толку гласен додека бил министер за внатрешни работи, потсетувајќи го на постапките на неговиот заменик Назим Буши.
Сапасовски побара одговори од Владата за 25-те вооружени инциденти во последните 4 месеци и поконкретни одговори од премиерот за 5-те вооружени инциденти во текот на месец октомври.
Алсат