ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пратеничката на „Влен“, Имрлије Сали-Фетаи ќе претседава денеска со Комисијата за социјална политика

Пратеничката на „Влен“, Имрлије Сали-Фетаи ќе претседава со денешната седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади, на чиј дневен ред има само една точка – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, потврдија за МИА од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Advertisements

Гаши во понеделникот го назначи пратеникот на „Европскиот фронт“ Бејџан Иљас да ја води Комисијата за социјална политика, демографија и млади откако оваа Комисија остана без претседател по оставката на Илире Даути. Назначувањето на Иљас беше прв обид на Гаши за деблокада на оваа Комисија, но заврши неуспешно откако пратеникот го известил дека денеска не е во можност да присуствува по што седницата беше одложена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button