Пратенички прашања – Илире Даути го начна прашањето за албанскиот јазик

Опозицијата ја обвинува владата дека не го почитува албанскиот јазик. Велат дека сите закони во Собранието се само на македонски јазик. На седницата за пратенички прашања, Илире Даути од АА рече дека комуникацијата меѓу Владата и Собранието се одвива само на македонски јазик.
„Тргнувајќи од она што ни припаѓа на сите нас овде заедно, неколку пати го покренав прашањето за употребата на јазикот овде во законодавната институција и за жал, по шест месеци кога овој премиер, заедно со другите коалициски партнери вклучувајќи ги и албанските, продолжуваат, сите закони се носат само на македонски јазик и официјалната комуникација на Владата со Собранието на Северна Македонија се врши само на македонски јазик“, рече Даути.
Но, вицепремиерот Изет Меџити, не се согласува и вели дека прашањето за јазикот се злоупотребува од страна на опозицијата. Тој вели дека албанскиот јазик е уставна категорија, додека статусот во кој се наоѓа е резултат на постапките на минатата албанска власт, но како и да е, Меџити подвлекува дека законот за јазиците нема да биде засегнат.
„Додека за албанскиот јазик, доста се обидувате да го злоупотребите, изјавите беа и на премиерот и на ВРЕДИ и на претседателката, дека албанскиот јазик е уставна категорија и засега е регулиран, во овој статус што го оставивте, во законот за јазиците, кој е дефиниран со 20 проценти. Значи, ова е она што го оставивте, но како што е, ние покажавме дека законот на јазиците не се чепка, ние ќе го решиме законот на матични книги, исто така и за законите на образованието, така што не треба да се грижите за тоа кој ги претставува Албанците“, рече Меџити.
Дополнително, опозицијата отвори дебата и за законот за средно образование, кој предвидува интонирање на државната химна во училиштата, но вицепремиерот обвини дека и за ова прашање се злоупотребува говорницата на Собранието, бидејќи, како што рече, токму советникот на ДУИ, оној што гласал во Велес „за“ интонирање на химната, а во Собранието реагира на ваквиот предлог.
Ајнур Бафќари